Македонија
21. August 2022 - 16:39

Реакции: Сите партии слават своја победа

Легитимитетот на Албанците е во Тетово. Време е за промена на власта и предвремени избори, смета лидерот на БЕСА и актуелен градоначалник Касами по вчерашните избори во Тетово за советнички листи. 

За краток период двапати ја добивме ДУИ, секако дека легитимитетот на Албанците во Северна Македонија, кој потекнува од тука, покажува дека веќе не е кај ДУИ. Ние од плоштадот во Тетово бараме предвремени избори за да се задоволи волјата на Албанците од Струга до Куманово во земјава и евентуално Албанците во Северна Македонија да имаат достоен претставник во централната власт. Бараме што поскоро предвремени избори –изјави Билал Касами, претседател ан Движење Беса

За лидерот на ДУИ пак, крезултатите се такви затоа што излезноста на изборите во Тетово  била многу ниска,.  Сепак, Ахмети го призна поразот

НЕИЗЛЕЗНОСТА Е МНОГУ ВИСОКА НА ОВИЕ ИЗБОРИ, ЗА ЖАЛ И ВО ПОГРЕШНО ВРЕМЕ, НО ОВА Е ДЕМОКРАТИЈА И НИЕ ЈА ПОЧИТУВАВМЕ. , изјави Али Ахмети, престедател на ДУИ

Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека резултатаот од 2 наспроти 1 на советничките листи во Тетово, покажува дека на ниво од цела Македонија би имале 55 пратеници, наспроти 27 те од СДСМ. Затоа бараат предвремни избори

Тоа значи дека час поскоро Македонија треба да оди на избори. Час поскоро Македонија треба да добие влада која што е способна и одговорна која што ќе ја носи Македонија низ оваа тешка, жесто криза која што претстои, а за која што власта е тотално неподготвена, изјави Влатко Ѓорчев, ВМРО ДПМНЕ

Од СДСМ пак, сметаат дека опозициската вМРО ДПМНЕ на овие избори доживелае дебакл. Победник во Мавроиво Ростуше и центар Жупа е нивниот кандидат

Тоднко Богданка Кандидатот на СДСМ уверливо и со голема разлика победи во Маврово Ростуше над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 1.300 гласа.

Во Центар Жупа ВМРО-ДПМНЕ е поразена затоа што сакаше да пропаднат изборите со тоа што ги бојкотираа, но кандидатот на владејачката коалиција победи со освоени над 3.000 гласови.

Во третата општина каде што се спроведуваа избори за советот, Тетово, ВМРО-ДПМНЕ има континуиран и драстичен пад на гласовите од минатите избори а бројот на советници во советот на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ останува непроменет.

 

 

Инаку изборите за советничка  листа во Тетово се одржаа откако советниците не можеа да ја донесат завршната сметка на општината, а изборите за градоначалник на Маврово Ростуше и  Жупа,  се одржаа по неуспешниот обид за  избор на градоначалник на претходните локални избори.

Наташа Мерсовска