-->
-->
Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-->

Реал Мадрид синоќа на свој терен го победи Атлетико Мадрид со 3:2 во дербито на 29. коло од Шпанското фудбалско првенство.
Винисиус Жуниор постигна два гола за домаќините, од кои еден беше од пенал, додека Федерико Валверде еднаш се запиша во листата на стрелците.
Головите за Атлетико ги постигнаа Адемола Лукман и Нахуел Молина.
Реал играше со десет играчи од 77. минута па натаму по исклучувањето на Валверде.
„Кралевите“ победија на пет натпревари по ред во сите натпреварувања. Тие се втори на табелата во Ла Лига со 69 бода. Лидер е Барселона со 73 бода. Атлетико Мадрид собра 57 бода и се наоѓа на четвртата позиција.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
