Речиси 80 отсто од жителите на Еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ

Дури 79 отсто од жителите на земјите членки на Еврозоната сметаат дека постоењето на еврото е добро за Европската Унија, а 70 проценти веруваат дека заедничката европска валута е добра и за нивната држава, покажува најновото истражување на Евробарометар на Европската комисија.
Ваквите резултати од анкетата, според Европската комисија, покажуваат дека јавната поддршка за еврото останува многу силна меѓу европските граѓани.
Мнозинството испитаници сметаат дека еврото ги направило патувањата полесни и поевтини, а дури осум од десет анкетирани оценуваат дека заедничката валута ја олеснила купо-продажбата меѓу земјите членки на Еврозоната.
Анкета покажува и дека 61 отсто од испитаниците сметаат оти треба да се укинат монетите од едно и две евроценти, со што како најмала монета би останала таа од пет евроценти.
Резултатите од истражувањето покажуваат високо ниво на поддршка на европските граѓани за Инструментот за закрепнување и отпорност (РРФ), кој беше формиран во 2021 година со цел да им се помогне на земјите членки да се справат со последиците на Ковид пандемијата и да го поттикне нивниот економски раст, да ги направат нивните општества поодржливи и да ги подготви за спроведување на зелената и дигиталната транзиција.
Над две третини од анкетираните или 67 отсто ја поддржуваат идејата Унијата финансиски да го помага закрепнувањето на земјите членки, под услов тие да ги насочат средствата во зелени, дигитални и социјални инвестиции и да ги спроведат планираните реформи.
Истражувањето на Евробарометар е спроведено помеѓу 15 и 23 септември 2025 година со анкетирање на над 18.600 испитаници од сите 20 земји членки на Еврозоната.
МИА
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
