Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро

Само десет гнездечки парови од реткиот вид на чапја, т.н. голем воден бик, кои тешко се забележуваат, се регистрирани во државава, а неколку се наоѓаат токму на подрачјето на Дојранското езеро.
Проценката за гнездечката популација ја даваат еколозите од Македонското еколошко друштво (МЕД), кои се дел од проектот „Заштита на медитеранските влажни зони“, финансиран од Француската агенција за развој, што овозможува подобро познавање на биолошката разновидност на Споменикот на природата Дојранско Езеро и на унапредување на управувањето со ова значајно заштитено подрачје.
- Големиот воден бик (Botaurus stellaris) е крупна, таинствена мочуришна птица од семејството на чапјите, силно поврзана со езера, бари и влажни подрачја со обемни појаси од трска. Има перје во земјени тонови и навика да мирува скриена меѓу трските, така што лесно се претопува со околината и ретко се забележува. Најчесто е активна во зори и самрак, кога тивко се движи низ трската во потрага по риби, водоземци и безрбетници. Забележувањето на големиот воден бик во околината на Дојранското Езеро е посебно природно доживување и јасен знак за зачувани и функционални водни екосистеми, се вели во објавата на МЕД.
Во рамките на проектот „Заштита и ревитализација на медитеранските влажни зони - PROZHUM“, Македонското еколошко друштво минатата година организира едукативен камп, на кој преку теренска настава во Дојран, средношколци од Богданци и Гевгелија се запознаваа со биодиверзитетот и значењето на заштитата на езерото.
МИА
Ново на Сител
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
-

Облачно со локални врнежи од дожд
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
