Македонија
21. October 2026 - 12:24
Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
Младите сè уште не се доволно вклучени во работата на локалните самоуправи. Иако над 80 проценти од општините во земјава имаат формирано совети за млади, мал дел од нив навистина функционираат.
Ова го истакна министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на Регионалниот форум за локално лидерство за млади, мир и безбедност.
На форумот се разговара за унапредување на младинското учество, зајакнување на локалното лидерство и вклучување на младите во процесите на донесување одлуки.
-->
-->
