Рекетот на Ѓоковиќ од финалето на АО во 2012 година е продаден за рекордна цена

Тенискиот рекет со кој српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои финалето на Австралија опен во 2012 година е продаден на аукција за 540.000 долари, објави „ESPN“.
Оваа цена е рекорд на сите времиња за тениски рекет. Претходниот рекорд беше поставен во 2025 година, кога рекетот што го користеше Шпанецот Карлос Алкараз, оној што му го донесе финалето на Вимблдон во 2023 година против Ѓоковиќ, беше продаден за 173.000 долари.
Финалето на Австралија Опен во 2012 година, во кое Ѓоковиќ го победи Шпанецот Рафаел Надал во меч од пет сета, е најдолгото во историјата на Грен слем турнир. Мечот траеше 5 часа и 53 минути.
Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ го држи рекордот во машка поединечна конкуренција за најмногу Грен слем титули (24) и најмногу недели на првото место на светската ранг-листа (428).
Србинот има 101 АТП титула, златни и бронзени олимписки медали и трофеј на Дејвис купот.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност
-

Конвој танкери е забележан како го напушта Персискиот Залив и минува низ Ормуската Теснина
-

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта
-

Украински дронови погодија складиште за нафта во Крим, предизвикувајќи пожар
-

ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката
-

МЗ: Во болницата во Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот
-

Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено на Попова Шапка
-

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено од меѓународните медиуми
