Рекетот на Ѓоковиќ од финалето на АО во 2012 година е продаден за рекордна цена

Тенискиот рекет со кој српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои финалето на Австралија опен во 2012 година е продаден на аукција за 540.000 долари, објави „ESPN“.
Оваа цена е рекорд на сите времиња за тениски рекет. Претходниот рекорд беше поставен во 2025 година, кога рекетот што го користеше Шпанецот Карлос Алкараз, оној што му го донесе финалето на Вимблдон во 2023 година против Ѓоковиќ, беше продаден за 173.000 долари.
Финалето на Австралија Опен во 2012 година, во кое Ѓоковиќ го победи Шпанецот Рафаел Надал во меч од пет сета, е најдолгото во историјата на Грен слем турнир. Мечот траеше 5 часа и 53 минути.
Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ го држи рекордот во машка поединечна конкуренција за најмногу Грен слем титули (24) и најмногу недели на првото место на светската ранг-листа (428).
Србинот има 101 АТП титула, златни и бронзени олимписки медали и трофеј на Дејвис купот.
МИА
Ново на Сител
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
-

ССМ на традиционален протест за 1 мај
