Реконструирана Алипашина џамија во Охрид предадена во употреба
Обновената Али пашина џамија свечено пуштена во употреба. Голем број на верници беа дел од отварањето но и покрај најавите не беа присутни претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ниту премиерот Заев и претседателот Пендаровски . Заменик-министерот за култура и туризам на Турција Демирџан најави дека рекунструкцијата на џамијата се базира на договор потпишан меѓу двете земји. Република Турција е главен донатор за џамијата во Охрид, како дел од историското културно наследство на Македонија.
Инаку реконстукцијата на Али Пашината џамија која започна пред три години во центрот на градот ја разбранува целата македонска јавност ,следеа низа протести и негодувања а најгласни беа од здружението Совест кои постојано алармираа дека градежните работи не се одвиваат според законот и бараа да се стопира нелегалната градба ..И покрај бројните реакции и најавите на надлежните дека проблемот ќе биде решен, џамијата од денеска е ставена во фунција .
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
