Рекордни 94 годишнини ќе бидат прославени годинава, исклучено одбележувањето на 15-годишнината од смртта на Доста Димовска
Рекордни 94 годишнини ќе бидат одбележани годинава. Собранието ја усвои програмата за одбележување јубелијни годишнини на значајни настани и истакнати личности. Иако во предлогот опфатени беа 95, сепак пратениците, на предлог на пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, го отфрлија одбележувањето на 15-годишнината од смртта на екс-министерката за внатрешни, Доста Димовска.
-Ако тргнеме од тоа дека годинава се навршуваат тие 15 години од нејзината смрт тогаш секоја година ќе мора да одбележуваме јубилеи на смрт или раѓање на поранешни министри за внатрешни работи. Сметам дека ова ќе даде не однесе во една друга насока, за разлика од онаа поблагородната која сакаме да ја направиме со одбележување на оваа програма, рече пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска.
Предлогот на пратеничката беше прифатена и од пратениците од власта, и од опозицијата.
Меѓу јубелите кои годинава ќе бидат одбележани се: 150 години од Разловечкото востание, 120 години од смртта на Даме Груев, 100 години од смртта на Крсте Петков Мисирков, 75 години од смртта на Павел Шатев и Панко Брашнаров, 70 години од раѓањето на претседателот Борис Трајковски, 50 години од смртта на Никола Бадев, 40 на Ристо Шишков, 20 на Петре М. Андреевски. Ќе биде прославена и 50-годишнината од основањето на „Леб и Сол“.
Меѓу јубилеите е 80 години од раѓањето на Милаим Фејзиу, прашање кое не доби внимание на собраниската комисија. Фејзуи е еден од иницијаторите за референдумот на Албанците во 1992 година, а во 2021 заговараше федерализација на Македонија на основање на партијата „Република Илирида“.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
