Релиќ освои бронзен медал на Г1 турнир во Загреб

Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Релиќ, викендов во Загреб освои бронзен медал. Со ова, таа почна со собирање поени за Олимписките игри Лос Анџелес 2028 година.
На големиот меѓународен натпревар од светските Г1 турнири во Загреб, Релиќ поради доброто рангирање во првото коло беше слободна. Потоа, во наредното второ коло ја победи извонредната американка Хлое Чуа со 2:0 во рунди.Исто така, во борбата за медал, во нерешена борба и со одлука на судиите, Релиќ ја совлада и србинката Надја Савковиќ со скор 2:1. Во досегашните натпревари, Савковиќ извојувала три победи над нашата олимпијка.
Во полуфиналето во Загреб, Релиќ изгуби од шпанката Арлет Ортиз Бените.
Ново освоените поени се дел од светската и олимписката ранг листа како увертира за норма за Олимписките игри Лос Анџелес 2028 година.
Ново на Сител
-

„Кочани ви благодари“- доделување благодарници за значаен придонес во грижата за повредените по кочанската трагедија
-

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно
-

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3
-

Неутрална Швајцарија не дозволи летови на американските воени авиони над земјата
-

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
-

Фарс: Најмалку 15 мртви во ракетен напад врз фабрика во иранскиот град Исфахан
-

Трамп не е подготвен за договор за завршување на војната со Иран
