Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
Во посета на реновираното одделение за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје, каде што е направена соба со аудиометар и спирометар, денеска беше премиерот Христијан Мицкоски.
Директорката на ИЈЗ Марија Андоновска посочи дека е реновирано и приемното одделение со што овозможени се услови за повеќе шалтери.
– Реновирано е одделението за систематски преглед, каде што направивме нова соба со аудиометар, го ставивме во употреба спирометарот и го реновиравме целото одделение. Исто така го реновиравме и приемното одделение, каде што остваривме услови за повеќе шалтери, но и одреден дел којшто ќе биде само за здравствените работници од кругот на Клинички, како не би се мешале со останатите пациенти и не би попречувале во процесот, со цел унапредување на здравствените услуги, изјави Андоновска.
Додаде дека бил дониран и ирадијатор од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија, кој како што појасни, служи за контрола на квалитет на сите мерни инструменти во државата во однос на радијацијата.
– Третата работа која што денеска сакаме да ја споменеме е дека како Институт создадовме услови за да примиме еден апарат донација од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија. Станува збор за апаратот ирадијатор којшто служи за контрола на квалитет на сите мерни инструменти во државата во однос на радијацијата. Ова е единствен ваков апарат во државата и луѓето кои што имаат потреба, односно институциите кои што имаат потреба да го користат овој апарат нема да има потреба да одат надвор од земајта, туку ќе имаат можност да ги направат овде сите испитувања кои што се потребни, рече Андоновска.
Премиерот Христијан Мицкоски се заблагодари на директорката и сите вработени во Институтот и истакна дека со Андоновска заеднички разговарале за развојните планови во периодот којшто следи.
– Марија тоа многу добро го срочи, би рекол брилијантно и мислам дека сега многу појасно ќе биде на македонската јавност и на граѓаните се разбира што е тоа што Институтот за јавно здравје го нуди, што е сработено во овој период од неколку месеци, а мислам дека е сработено во историска смисла многу.
Како што посочи Мицкоски, долговите на ИЈЗ се сервисирани и веќе може при посетата заедно со директорката на ИЈЗ Марија Андоновска разговарале за развојните планови во периодот
– Разговаравме малку и за развојните планови во периодот којшто следи, она коешто можеби јас би ја дополнил е тоа што институцијата беше затекната со многу големи долгови, во една хаотична состојба. Тие долгови се сервисирани и сега не само што се сервисирани долговите туку имаме и заштеда и таа заштеда не е така мала, со таа заштеда ќе се реализира дел од развојните проекти во периодот којшто следи, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Со мотор излетале од пат, тешко повредени двајца малолетници
-
Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос
-
Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата
-
Русија предлага делумен прекин на огнот од два-три дена
-
Се трага по две девојчиња на возраст од 13 и 14 години кои излегле од дома и не се вратиле
-
Мицкоски: Очекувањата се позитивни, по средбите на Муцунски во Вашингтон
-
Двајца браќа се обиделе да разделат тепачка пред теретана во Чаир - завршиле со убодни рани
-
Повредени двајца малолетници од битолско откако со мотоцикл излетале од патот