„Репортери без граници“: Слободата на медиумите во светот на ниво најниско во последните 25 години

Повеќе од половина од државите и териториите во светот за првпат во 25-годишната историја на рангирањето се наоѓаат во категориите „тешка“ или „многу сериозна“ кога станува збор за слободата на медиумите, соопшти организацијата „Репортери без граници“.
Според податоците на денеска објавениот извештај на Организацијата, кога станува збор за годишниот Индекс за слобода на медиумите, само седум земји се оценети како „добра“ средина за новинарите, а тие заедно опфаќаат само еден процент од светската популација.
„Репортери без граници“ наведува дека најголемиот глобален пад оваа година е забележан во правната рамка, бидејќи новинарството се почесто се ограничува преку закони донесени под изговор на борба против тероризам или заштита на националната безбедност.
Норвешка десетта година по ред го задржа првото место на ранг-листата, а ја следат Холандија и Естонија. На дното од листата повторно се наоѓа Еритреја, додека меѓу најлошо рангираните се и Северна Кореја и Кина.
Најголемо подобрување бележи Сирија, напредувајќи од 177 на 141-то место по падот на владата на Башар ал-Асад кон крајот на 2024 година и последователните политички промени. Најголем пад пак забележува Нигер, губејќи 37 места и спуштајќи се на 120-та позиција.
Сите 19 најдобро рангирани земји се во Европа. Меѓу нив, Германија се наоѓа на 14 место, што е пад од три позиции во однос на претходната година, но се уште е класифицирана во категоријата „задоволителна“.
„Репортери без граници“ забележува влошување на работната средина за новинарите во Германија, вклучувајќи онлајн навреди, закани, кампањи за клевета и зголемена недоверба. Се предупредува дека новинарите кои известуваат за чувствителни теми, како крајно десничарски кругови или војната во Газа, се почесто се изложени на притисоци и ризик од јавни напади.
Соединетите Американски Држави паднаа за седум места и сега се на 64 позиција, при што во извештајот се посочува на насилство врз новинари од страна на полицијата и агентите на имиграциската служба, како и намалување на финансирањето на меѓународни медиуми поддржани од САД.
Индексот опфаќа 180 земји и територии и ги оценува безбедноста, политичкиот контекст, правната рамка и економските и социјалните услови што влијаат врз слободата на медиумите.
МИА
Ново на Сител
-

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица – итно префрлена на Токсикологија
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
-

При претреси во Куманово пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
-

Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами
-

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид: Во судир на три автомобили повредени 8 лица
-

Николоски: Успехот на Македонија во растот на авиолетови и туризам препознаен од Светска банка
-

Клековски: При патувања во Африка и Индискиот Океан да се следат препораките од СЗО за потребата за вакцинација и профилакса
