Решен деценискиот проблем со водата за пиење во селото Сушица
Деценискиот проблем со неисправната вода за пиење во селото Сушица конечно доби трајно решение. Општина Ново Село изгради нова и современа филтер станица, со што жителите добија пристап до чиста и здрава питка вода.
Станува збор за инвестиција вредна над 4 милиони денари, со која е изведена модерна постројка за прочистување на водата од селскиот водовод. Со новата филтер станица целосно е отстрането присуството на манган, кој со години претставуваше сериозен здравствен ризик за жителите.
Новиот систем е целосно автоматизиран, ја контролира работата на пумпите, нивото на вода во резервоарот и овозможува оптимизирано трошење на вода, што значително ја зголемува ефикасноста и стабилноста на водоснабдувањето.
Според изведувачите на проектот, станува збор за филтерска станица единствена од ваков тип во Македонија, бидејќи преку неа се врши екстракција на манганот од водата, процес кој досега не бил имплементиран во ваков обем и со вакво техничко решение.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар