Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
Реткиот дијамант, наречен „Медитеранско син“, со тежина од 10,03 карати, денеска е продаден на наддавање во Женева, Швајцарија, за 19,2 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби’с“.
Тобијас Корминд, извршен директор на „77 дајмондс“ (77 Diamonds) – најголемата интернет-платформа за злато и накит во Европа, изјави дека продажбата и цената на дијамантот, се „помалку импресивни“ од очекуваното, пренесува порталот „Свисинфо“ (Swissinfo).
Дијамантот ја надмина проценетата вредност од 20 милиони долари, што укажува на значителен интерес. Но, општата несигурност, вклучително и трговските тензии меѓу САД и Кина, можеби ја намали довербата на понудувачите, изјави Корминд.
Дијамантот којшто е ископан во Јужна Африка, првично се проценуваше на 20 милиони долари (17,8 милиони евра), што значи дека постигната цена, во „наддавачкиот речник“, не е многу над проценетата.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
-
Се уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони
-
Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја подготвиме заедно со граѓаните, очекувам поддршка од сите политички партии
-
Предлог притвор за лице осомничено за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје
-
Ангелов: Нема опасност за жителите од пожарот над Чучер, да не се шири паника
-
Приведено лице кое пукало кон полицајци во битолско
-
МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце
-
Муцунски - Велдкамп: Холандија е меѓу најголемите билатерални донатори во клучни области за земјава