Ревизорите открија милионски загуби во штипската општинска каса
Загуба од милони евра во штипската општинска каса, утврдил Ревизорскиот извештај за 2021 година, заради застареност на плаќање или селективна наплата на данокот на имот. Втора крупна забелешка на ревизорите е неплаќање на кредитот на ЈП „Исар“ кон Министерството за финансии.
-
Каматната стапка која нараснала заради несервисирање на долгот на ЈКП е 120 милиони денари и е двојно повисока од главниот и основен долг кој изнесува 68 милиони денари. Исто така, побарувањата кои што застареле, а изминатите години општината не ги наплатила од граѓаните е во вкупен износ од 4 милиони евра- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Ревизорите констатирале и непочитување на Законот за градежно земјиште, без контрола на економските оператори, дали ги извршиле своите обврски и не биле активирани банкарските гаранции.
-
Доколку биле прибрани и вратени назад кон граѓаните во форма на капитални иневстиции, сигурно дека општина Штип, ќе генерирала развој и ќе добила нови содржини- изјави Јорданов
Јорданов го повика ОЈО да го разгледа извештајот на Државниот завод за ревизија.
-
Практично да се утврди одговорност- додаде Јорданов
Најголем дел од реализираните проекти за кои се потрошени милионски суми, немаат технички прием.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар