РИК на Србија соопшти детали за претседателските избори закажани за 27 декември

Рокот за поднесување кандидатура за претседателските избори во Србија закажани за 27 декември истекува на 6 декември, а ждрепката за утврдување на редоследот на листата на кандидати треба да се одржи најдоцна до 11 декември, одлучи Републичката изборна комисија (РИК).
Според роковникот за вршење на изборните дејствија во постапката за избор на претседател на Републиката, што го донесе РИК, пропишувањето на обрасците за поднесување предлог-кандидат за претседател на Републиката треба да заврши најдоцна до 29 ноември, а поднесувањето на предлозите за кандидати најдоцна до 6 декември.
РИК има рок од 48 часа од поднесувањето на предлогот да донесе решение за прогласување кандидат за претседател на Републиката, решение за отфрлање на предлогот или да донесе заклучок со кој на предлагачот му се наложува да ги отстрани недостатоците во предлогот.
Во последниот случај, предлагачот има рок од 48 часа од објавувањето на заклучокот да ги отстрани недостатоците, по што Комисијата има рок од 24 часа за одбивање или прогласување на кандидатот. Повлекување на предлогот или откажување на кандидатот може да се направи најдоцна до денот кога се утврдува листата на кандидати.
Ждрепката за утврдување на редоследот на кандидатите на избирачкото ливче треба да заврши најдоцна до 11 декември, а до истиот датум треба да се утврди листата на кандидати и да се објави во „Службен гласник“.
Избирачките места треба да бидат одредени најдоцна до 6 декември, што важи за избирачките места во земјата, во странство, како и во заводите за извршување кривични санкции.
Министерството за одбрана треба најдоцна три дена пред денот на заклучување на избирачкиот список да му достави на Министерството за државна управа и локална самоуправа податоци за избирачите кои на денот на гласањето ќе се наоѓаат на отслужување воен рок, на воена вежба или на школување во единиците или установите на Војската на Србија, а за тие гласачи избирачките места се одредуваат по добивањето на предлогот од ресорното министерство.
Изложувањето на делот од избирачкиот список за подрачјето на единицата на локалната самоуправа почнува од 27 ноември, а поднесувањето барања до општинската или градската управа за упис или промена во избирачкиот список може да се изврши до неговото заклучување, односно најдоцна до 11 декември.
Поднесувањето барање во избирачкиот список да се запише податок дека избирачот ќе гласа според местото на престојувалиште во земјата (избрано место на гласање) или дека ќе гласа во странство може да се направи најдоцна до 5 декември.
Донесувањето решение за заклучување на избирачкиот список и утврдување на вкупниот број избирачи треба да се изврши на 11 декември, а неговото доставување до РИК треба да се направи најдоцна на 12 декември во 24:00 часот.
Утврдувањето на конечниот број избирачи и објавувањето во „Службен гласник“ треба да се изврши веднаш по внесувањето на измените во изводите од избирачкиот список или во посебните изводи врз основа на решенијата за промени донесени по заклучувањето на списокот.
Во врска со набљудување на изборите, домашните набљудувачи треба да поднесат пријава најдоцна до 19 декември, а странските набљудувачи најдоцна до 16 декември.
Доставувањето на поканите за гласање треба да се изврши најдоцна до 21 декември, а одлуката за утврдување на бројот на гласачки ливчиња треба да се донесе најдоцна во рок од 24 часа од донесувањето на одлуката за објавување на вкупниот број избирачи.
Доставувањето на изборниот материјал до избирачките одбори во странство треба да се изврши најдоцна до 21 декември, а до локалните изборни комисии во земјата најдоцна до 22 декември.
Доставувањето на изборниот материјал до избирачките одбори треба да се заврши најдоцна на 25 декември во 24:00 часот.
Избирачките места се отвораат на 27 декември во 7:00 часот, а гласањето трае до 20:00 часот. Од 24 декември во 24:00 часот до 27 декември во 20:00 часот ќе трае изборен молк.
Во однос на органите и телата за спроведување на изборите, предлогот на предлагачот на прогласен кандидат за претседател на Републиката за именување член и заменик-член на РИК во проширен состав треба да биде доставен најдоцна до 19 декември, а решението се донесува во рок од 24 часа од приемот.
Локалните изборни комисии за територијата на град, односно општина во која не постои локална изборна комисија, треба да бидат составени најдоцна до 3 декември.
Предлозите за именување членови и заменици-членови на избирачките одбори треба да бидат доставени најдоцна до 11 декември, а именувањето треба да заврши најдоцна до 16 декември.
Замена на член или заменик-член на избирачки одбор може да се изврши до 23 декември, а замена на претседател или заменик-претседател на избирачки одбор поради смрт, болест или губење на избирачкото право најдоцна до 27 декември до 7:00 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Две и пол години затвор за Цуна, кој преку прозорец избега од полициска станица во Кочани
-

Вработени во ЈСП фатени како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров – ќе бидат отстранети од работа
-

Во италијанските училишта стапи во сила забраната за носење бурка или никаб
-

Утринските температури над нула, најмногу врнежи во Лазараполе
-

Во Основниот суд во Охрид почнува судењето против Кристијан Корабоски за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска
-

Макрон изјави дека кратењата во европскиот буџет се стратешка грешка
-

РИК на Србија соопшти детали за претседателските избори закажани за 27 декември
-

Европската перспектива на Западен Балкан во фокусот на Самитот Брдо-Бриони во Охрид
