Loading Video...
Ракомет
24. December 2022 - 19:51

РК Алкалоид го претстави новиот проект во СЦ Автокоманда

Ракометнииот клуб Алкалоид денеска го претстави својот голем проект за развој на клубот кој ќе работи во спортската сала во Автокоманда  која е реновирана и доградена според потребните стандардни а пред присутните беше промовирана и новата химна на клубот. 

РК Алкалоид  е релативно млад клуб во македонскиот ракометен спорт но со своите амбиции и инвестиции најавува  проект кој може да му даде нов импулс на нашиот најтрофеен спорт кој е жеден за нови успеси особено на репрезентативен план. 

Токму затоа подготвен е модерен дом кој ќе овозможи  квалитетни тренинзи на сите категории кои треба да го вивнат клубот во врвот на македонскиот ракомет но и да подготвува репрезентативци за националниот тим . 

Лидер  на овој проект а македонската легенда,  актуелен селектор и  тренер во клубот Кире Лазаров. 

На настанот беше промовирана и новата химна на клубот кој претендира да биде пример за развојот на ракометната игра не само во Македонија туку и во регионот за таа цел формиран е уште еден клуб Мулти Есенс во кој ќе настапуваат претежно ракометари од школата на Алкалоид а нов член на тренерската екипа е легендарниот Пепи Манасков кој досега работеше во РК Вардар.