Роби Вилијамс се самоизолирал на планина во Швајцарија
Поп-пејачот Роби Вилијамс ја минува корона-пандемијата на планина во Швајцарија. Тој тоа го откри во видеоразговор со Стив Рајт за Би-би-си радио 2.
– Е па, да, јас сум малку невротичен и си мислев – каде да се сместам, за (коронавирусот) да не „ме фати“? Па, си велам – ќе одам шест месеци на Мон Блан, објасни Роби.
Поп-ѕвездата е на Алпите со своето семејство. Минатиот месец, тој и сопругата Аида ја прославија 10-годишнината од бракот. Имаат четири деца: ќерките Теди и Коко (родени 2012 и 2018 година), синот Чарли (2014 година) и Бју, роден годинава од сурогат-мајка, како и Коко.
Натаму во кусото интервју, Роби говореше за тоа колку лошо корона-кризата влијае врз светската музичка сцена и за тоа дека неговите деца, или барем Теди можеби ќе тргне по неговите стапки.
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
