„Роблокс“ нуди зголемување на енергијата по гледање реклама во видеоигра

Американската платформа за видеоигри, „Роблокс“ (Roblox) ќе лансира нов вид реклами, и тие, всушност, ќе го наградуваат играчот по целосното гледање реклама. Станува збор за валутата во игрите и за зголемување на енергијата на Вашиот лик.
Огласите на цел екран, наречени „Наградувачки видеореклами“, може да бидат долги и до 30 секунди. Тие ќе бидат достапни за директно купување преку „Дајрект О“ (Direct IO) на „Гугл“ наредниве седмици. Натаму, креаторите на игри на „Роблокс“, кои ќе прикажуваат реклами, мора да имаат најмалку 18 години. Самите реклами ќе се прикажуваат само на играчи на 13-годишна возраст и повозрасни лица, соопшти компанијата.
Новите реклами се дел од проширувањето на форматот „реклами со длабок приказ“ на „Гугл“. Од оваа компанија соопштија дека рекламите може да се појавуваат како „реклами за билборд што ги гледате додека се возите низ виртуелниот град или на голем екран“ во самата виртуелна игра. Така, овие реклами „природно се вклопуваат во околината на играта“, се вели во соопштението.
Според креаторите на „Роблокс“, наредниве месеци ќе има и други формати на реклами, вклучувајќи и цели редови на почетната страница.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
