Македонија
2. March 2026 - 16:06

Родилка почина по царски рез на Клиника за гинекологија и акушерство

Родилка родена 1991 година починала во саботата на Клиника за гинекологија и акушерство неколку часа по извршен царски рез, објави Слободен печат повикувајќи се на свои извори.

Од Министерство за здравство ја потврдија информацијата и соопштија дека од болницата добиле известување дека случајот денес бил разгледуван од комисијата за квалитет.

Повеќе информации најавија дека ќе бидат соопштени утре.