Родителите добија насоки за поголема безбедност во училиштата, полицијата не го открива планот
Безбедносниот протокол за училиштата е строго доверлив документ. Детали како ќе се обезбеди редовна настава никој не открива. Решението доаѓа по 6 месеци откако почнаа лажните дојави и е достапно само за службите. Опцијата онлајн наста по дојава се покажа како нефункционална. Сега директорите и наставниците добиле нови насоки како да менаџираат доколку пристигнат вакви закани. Од рано утрото во секое училиште ќе се прават проверки, а покрај приватното обезбедување и полицијата ќе ги чува училиштата. Родителите викендов добија инструкции под кои услови ќе смеат да влезат во училиште.
„Родителите можат да влезат во училиште само со одобрение од обезбедувањето а со претходна најава кај наставничката. Влегување на други лица во училиште ќе биде само со проверка од екипата за обезбедување. “
Експерти по безбедност сметаат дека ова е најоптималното решение во ваква ситуација. Секое училиште најпрво треба да е обезбедено со високи огради а вратите да ги чува физичко обезбедување. На овој начин ќе се елиминира можноста некој да постави бомба во објектот.
Професорката смета дека МВР има доволно капацитети, доколку има потреба можат да ја вклучат и специјалната единица за да се гарантира општата безбедност во државата.
Министерот за образование најави дека во понеделник ќе соопшти на кој начин ќе се одвива наставата, дали и покрај новиот протокол ќе се комбинира со онлајн часови.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
