Родителите на загинатите во Пулс: Почивај во мир, Панчо, пренеси им поздрав и порака на нашите ангели

Здружението „16-ти март“, кое е формирано од дел од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во „Пулс“ во Кочани, на својата група на Фејсбук, упати емотивна порака по смртта на пејачот Владимир Блажев – Панчо, деветтиот член на групата ДНК кој го загуби животот по трагедијата.
„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на Владимир Блажев Панчо, Бог да Ви дава сила
Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – Владимир Блажев, Панчо, талентиран пејач од групата ДНК, 63-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Млад човек, со сонувања, со музика и со енергија што допираше срца, сега замина предвреме, оставувајќи празнина која не може да се пополни.
Како родители кои ја почувствувавме најголемата болка од губење на нашите деца, ја знаеме бездната на тага што останува зад себе. Вашата болка е наша болка. Вашата загуба е наша загуба. Ги чувствуваме секоја солза, секој нем збор, секој празен момент што го остава оваа трагедија
Ова не е само број – ова е живот одземен, живот што носеше радост и надеж. Колку уште срца ќе бидат скршени, директно или индиректно? Колку уште семејства ќе бидат погодени од оваа ужасна трагедија? Правдата мора да се извојува! За Панчо, за секоја жртва, за секој млад живот што беше одземен, за секој родител што плаче.
Почивај во мир, Панчо Нека ти е светол патот до Царството Небесно
Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели дека засекогаш ќе останат во нашите срца А ние нема да молчиме – правдата мора да дојде!!!“
Ново на Сител
-

Прво финале за Алкараз на Австралија опен
-

Светската здравствена организација бара оданочување на слатките и алкохолните пијалаци
-

Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија од страна на ПССЕ
-

Рекорден снег во Москва - над 60 см по 32 години | ВИДЕО
-

Во битолската Зоолошка градина пцовиса нилскиот коњ Берта
-

Натпревари за „големото“ финале на Европското првенство во ракомет
