Рокот за аплицирање за студентски оброк истекува утре

Рокот за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, за тековните студенти, истекува утре. Пријавувањето е преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/
Како што информираше Министерството за образование и наука во објавениот конкурс, по завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде што ја поднеле својата апликација.
-Потоа, од страна на Шпаркасе банка, со која Министерството за образование и наука склучи нефинансиски договор за реализација на мерката субвенциониран студентски оброк, ќе бидат повикани во некоја од филијалите за да склучат договор за отворање посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка преку која единствено ќе можат да ги користат средствата, соопшти МОН.
За кандидатите кои ќе стекнат статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, пријавувањето за студентски оброк ќе трае од 1 до 7 октомври.
Можноста за аплицирање потоа ќе биде отворена од 1 до 7 секој нареден месец, за студентите кои претходно од некоја причина не го оствариле правото на овој вид субвенција.
Ново на Сител
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
-

Прес конференција на министерот за здравство
-

ЗНАМ: Сите опции се на маса
-

Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија
