Loading Video...
Ракомет
29. January 2022 - 18:22

Романија и Чешка на патот на македонските ракометари за пласман на Мундијалот

Нималку лесен нама да биде патот на машката ракометна репрезентацвија на Македонија во обидот да се продолжи континуитетот на настапи на големите натпреваровања. 

Откако не се прославија на сеуште актуелното Европско првенство, избраниците на селекторот Кирил Лазаров за настап на Светско првенство кое следната година (2023-та) ќе се одржува во Полска и Шведска, ќе треба да ги минат репрезентациитре на Романија и Чешка. 

Во првата плејоф рунда ќе играме против Романците и тоа прво на домашен терен на 16 или 17 март, а потоа на 19 или 20 март на гости во Романија. 

Доколку нашите ракометари ја минат првата пречка, тогаш втората ќе биде селекцијата на Чешка против која прво би гостувале, а потоа реваншот би го играле на домашен терен и тоа во периодот од 11 до 17 април.

 

ПЛЕЈОФ  ЗА СП 2023

ЧЕШКА

- МАКЕДОНИЈА / РОМАНИЈА

РУСИЈА

- СЛОВАЧКА / БЕЛГИЈА

УКРАИНА / ФИНСКА

- ХРВАТСКА

ГРЦИЈА / БИХ

- ЦРНА ГОРА

ПОРТУГАЛИЈА / ШВАЈЦАРИЈА

- ХОЛАНДИЈА

ИТАЛИЈА / СЛОВЕНИЈА

- СРБИЈА

ГЕРМАНИЈА

– ФАРФСКИ О. / БЕЛОРУСИЈА

АВСТРИЈА / ЕСТОНИЈА

- ИСЛАНД

ИЗРАЕЛ / ЛИТВАНИЈА

- УНГАРИЈА