-->
-->
Роналдо ја доби наградата „Најдобар играч на сите времиња“
-->

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, ја доби наградата „Најдобар играч на сите времиња“ на синоќешната церемонија во организација на „Лига Португал награди сезона 2024/25“.
– Се надеваме дека сè уште има место во музејот на фудбалерот. Кристијано Роналдо ја освои наградата „Најдобар играч на сите времиња“. Кој друг? – се вели во објавата на Лигата на социјалните мрежи.
Четириесет годишниот Роналдо во текот на својата кариера настапуваше за Спортинг. Тој за клубот од Лисабон одигра 31 натпревар, постигна пет гола и имаше шест асистенции.
Роналдо вкупно има 796 голови и 257 асистенции во 1.057 натпревари на клупско ниво во својата кариера.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
