Росатом: Рускиот нуклеарен „штит“ треба да се зајакне во наредните години
Нуклеарниот „штит“ на Русија треба да се зајакне во наредните години, земајќи ги предвид колосалните закани за нејзиното постоење, изјави генералниот директор на државната корпорација Росатом, Алексеј Лихачев.
- Во моментов, во сегашната геополитичка ситуација, постојат колосални закани за постоењето на нашата земја. Затоа, нуклеарниот штит, кој е и меч, е гаранција за нашиот суверенитет… Денеска разбираме дека нуклеарниот штит мора само да се подобрува во наредните години, изјави Лихачев за руските медиуми.
Русија има околу 4.300 складирани и распоредени нуклеарни боеви глави, а САД имаат околу 3.700, што вкупно претставува околу 87 проценти од нуклеарните боеви глави во светот, покажува истражувањето на Федерацијата на американски научници.
Според истражувањето, Кина е трета најголема нуклеарна сила во светот со околу 600 боеви глави, по што следуваат Франција со 290, Велика Британија со 225, Индија со 180, Пакистан со 170, Израел со 90 и Северна Кореја со 50.
МИА
Ново на Сител
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра