Ротацијата на Земјата се забрзува, денешниот ден е еден од најкратките
Земјата денеска бележи еден од најкратките денови откако постојат прецизните мерења. Ротацијата на планетата ќе биде завршена 1,25 милисекунди пред вообичаеното време.
Денешното скратување е дел од поширок тренд на забрзување на ротацијата на планетата, кој беше забележан уште во 2020 година.
Според научниците кои го следат движењето на Земјата со помош на атомски часовници, слични отстапувања се забележани на 9 и 22 јули, а рекордот е поставен на 5 јули 2024 година, кога денот бил пократок за дури 1,66 милисекунди.
Причините за забрзаната ротација сè уште не се целосно јасни, но има сомневања на промени во атмосферата, јадрото на планетата и влијанието на Месечината.
Доколку трендот продолжи, може да следи прва „негативна скок секунда“, односно одземање секунда од официјалното време, што може да предизвика проблеми во дигиталните системи низ целиот свет.
МИА
Ново на Сител
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН
-
Одредени се сите парови за плејофот во Лигата на шампионите