РСБСП со апел за безбедно возење во зимски услови

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира возачите да возат внимателно и одговорно во зимски услови и порачува дека само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата зашто секој живот е важен.
Апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја приспособат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да избегнуваат нагли запирања и да одржуваат безбедно растојание помеѓу возилата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
- Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание и концентрација за време на управување со возилото - посочуваат од РСБСП.
Поради интензивните снежни врнежи и лизгавите коловози, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително користење на пропишаната зимска опрема.
- Пред поаѓање на пат неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови. Направете проверка на возилото, која опфаќа: техничка изправност, проверка на нивото на антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците - велат од РСБСП.
МИА
Ново на Сител
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
