РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти

РТС поднесе кривична пријава до Првото основно јавно обвинителство во Белград против непознати лица кои се претставуваат како студенти во блокадата, кои од 14 април блокираат објекти на медиумот во главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Во пријавата од медиумот наведуваат дека – Јавниот сервис бара одговор и од меѓународните институции.
„Од тој датум новинарите и другите вработени се спречени да влезат – особено во техничките служби, што има ефект да се оневозможи емитувањето телевизиски програми. Вработените се изложени на ризик во овие насилни блокади, бидејќи при секое влегување во зградата ги обезбедува полицијата, а во таа прилика ги навредува, плука и турка“, објавено е на сајтот на РТС.
Дополнително, на социјалните мрежи беа објавени телефонски броеви на тројца уредници и таканаречени „.потерници, што резултира со директна закана за безбедноста и животот на вработени“.
РТС бара да се идентификуваат сите училници за овие кривични дела и против нив да се покрене кривична постапка, итна реакција од претседателката на ЕК, еврокомесарот за проширување, претставникот на ОБСЕ во Србија, Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Србија, ОДХИР.
Од РТС се обратиле и до меѓународни организации за заштита на новинарите и до Европската асоцијација на јавни радиодифузни услуги, се наведува на веб-страницата на јавниот сервис на Србија.
Блокадата на РТС од страна на студенти и граѓани почна во понеделникот вечерта и сè уште трае.
Ново на Сител
-

Аљбан Кадриу, предложен за нов член на Судскиот совет
-

АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс
-

Руте: САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија
-

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
-

Пожар во куќа на подрачјето на Шуто Оризари, при излегување на куќата сопственикот се здобил со повреди
-

Зголемен бројот на туристи и ноќевања, најмногу гости од Турција, Германија, Србија и Грција
-

Опожарено возило на подрачјето на Бит Пазар, нема повредени
-

Германија лани потрошила 198 милијарди евра за образование
