Русија ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го сменат режимот во Иран, саботирајќи ги дипломатските напори

Руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го сменат режимот во Иран и да го спречат нормализирањето на односите меѓу Техеран и арапските земји во регионот.
Во официјално соопштение, министерството наведува дека според Москва, сега е јасно дека Вашингтон и Тел Авив не само што се стремат кон смена на режимот во Иран преку „најнечистите средства“, како што е убиството врз раководството на суверена држава, туку се обидуваат да ги поткопаат и напорите за подобрување на односите меѓу Иран и неговите арапски соседи.
Во исто време, Кремљ соопшти дека го почитува посредувањето на Вашингтон во мировните преговори за Украина, но дека се потпира само на себе.
„Продолжуваме високо да ги цениме напорите за посредување на САД, но пред сè се потпираме само на себе и се залагаме за сопствените интереси. Тоа ќе нè води и во иднина“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков изрази „длабоко разочарување“ од воздушните напади врз Иран. Според него, САД го избрале патот на директна агресија против Иран, иако во исто време се воделе преговори со Техеран.
МИА
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
