Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја

Речиси половина милион луѓе останаа без струја во руската Белгородска област откако во украинските напади е погодена енергетската инфраструктура, а илјадници останаа без струја во северниот дел на Украина поради руските напади врз украински енергетски капацитети.
Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, изјави дека со прекините во електроснабдувањето се засегнати околу 450 илјади граѓани во неколку окрузи, вклучувајќи го и регионалниот главен град Белгород, а многу објекти се соочуваат и со прекини во централното греење и снабдувањето со вода.
Гладков додаде дека во тек се работи за надминување на состојбите и поправка на електроенергетската мрежа, но оти за завршување на активностите ќе бидат потребни неколку дена.
Белгород, кој се наоѓа околу 40 км од границата со Украина, е честа мета на украински напади со дронови и ракети.
Илјадници луѓе останаа без струја и на северот на Украина. Во руски напади се отштетени енергетски постројки во северната украинска област Чернигов, поради што близу 212 илјади потрошувачи останаа без струја, соопшти денеска украинската Регионална компанија за дистрибуција на електрична енергија.
Речиси 150 илјади потрошувачи во градот Чернигов и околниот округ останале без струја откако во рускиот напад бил оштетен енергетски објект. Подоцна беше соопштено дека уште над 62 илјади потрошувачи останале без струја во три други окрузи во областа по нападот на енергетски објект во округот Нижински.
Привремено без струја останале и речиси 21 илјада жители на градот Славутич, што се наоѓа во соседната Киевска област, по руските напади извршени изутринава. Регионалните власти посочуваат дека клучната електроенергетска инфраструктура е префрлена на резервни извори на напојување.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
