Русија ослободи нафтен танкер откако го задржа во Балтичкото Море

Русија ослободи нафтен танкер кој беше задржан завчера во нејзините води откако напуштил естонското пристаниште, а бродот го продолжи патувањето кон холандското пристаниште Ротердам, објави естонскиот јавен сервис ЕРР.
Танкерот „Грин Адмајр“ (Green Admire) во сопственост на Грција беше во Балтичкото Море, а крајната цел му беше Ротердам, покажаа податоците за следење бродови.
Бродот го напуштил пристаништето Силамае во Естонија, користејќи означен навигациски канал кој минува низ руски територијални води, по што беше задржан, соопшти Министерството за надворешни работи на Естонија во неделата.
Естонскиот министер за надворешни работи рече дека акцијата на Русија против „Грин Адмајр“ веројатно била одговор на кампањата на естонската морнарица која има за цел да ги контролира танкерите кои превезуваат милиони барели руска нафта низ Балтичкото Море.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
