Русија планира одобрување на две вакцини против агресивен тумор на мозок

Во Русија се очекува во текот на оваа година да бидат одобрени за примена две вакцини против глиобластом, еден од најагресивните мозочни тумори, соопшти директорката на Федералната медицинско-биолошка агенција, Вероника Скворцова.
Скворцова изјави дека наскоро се очекува одобрение за првата онколошка вакцина.
„Се надевам дека во текот на 2026 година ќе добиеме одобрение за примена на онколошката вакцина против глиобластом. Прво ќе биде пептидната вакцина ‘Глиопепт’, а до крајот на годината и mRNA вакцината против глиобластом ‘Глиорна’“, рече таа.
Руската медицинско-биолошка агенција во ноември минатата година соопшти во завршна фаза се претклиничките испитувања на вакцините.
Глиобластомот се смета за еден од најопасните облици мозочен тумор, што настанува како последица на неконтролирано делење на глијалните клетки кои ги опкружуваат невроните во мозокот.
МИА
Ново на Сител
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
-

Просечната плата се доближува до 50 илјади денари: Кои работници се најплатени?
-

Нови правила за фер вработувања во јавниот сектор
-

Целосно е реновирано одделението за трауматологија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Невремето предизвика големи штети врз земјоделските посеви во Струмичко
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
