Русија вели дека Украина вчера ја нападнала Москва со дронови

Руските власти соопштија дека Украина вчера извршила серија напади врз Москва, делови од западна Русија и Кримскиот полуостров.
Пријавено е дека едно лице е повредено во областа околу рускиот главен град.
Руското Министерство за одбрана објави дека 27 украински дронови се уништени помеѓу 20:00 и 23:00 часот по московско време.
Гувернерот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, изјави на Телеграм дека 21 украински дрон биле соборени над регионот во текот на денот и дека еден цивил е повреден во нападот.
Информацијата беше објавена еден ден откако Русија ја обвини Украина, без да даде докази, дека се обидела да ја нападне резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин.
Киев ги отфрли обвинувањата како неосновани и насочени кон попречување на мировните преговори за завршување на војната во Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
