Руската армија најави тридневни воени вежби за ракување со нуклеарно оружје

Руската армија започна тридневни воени вежби и обука за ракување со нуклеарно оружје, со учество на илјадници војници низ целата земја, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Вежбите се први од таков вид во Русија по истекот на програмата „Нов СТАРТ“ во февруари годинава, што беше последниот договор што ги ограничуваше нуклеарните арсенали на Русија и на САД.
„Од 19 до 21 мај вооружените сили на Руската Федерација спроведуваат вежба за подготовка и употреба на нуклеарно оружје во случај на закана од агресија“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
На маневрите ќе бидат мобилизирани над 65 илјади војници и 7.800 системи на воена техника како и повеќе од 200 ракетни лансери. Во вежбите ќе учествуваат авиони, бродови, подморници и нуклеарни подморници.
Планирани се пробни лансирања на балистички и крстосувачки ракети.
Во соопштението се наведува и дека вежбата ќе ја опфати и заедничката обука за употреба на нуклеарно оружје распоредено на територијата на Белорусија.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите
-

За само пет часа казнети 147 пешаци кои преминувале улица надвор од пешачки премин
-

Победи за Англија, Шпанија и Италија во Лигата на нациите
-

Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми за корисниците на „Аутлук“ и „Тимс“
-

САД управувале со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта
-

Трамп вели дека сака да го „реши прашањето“ со Куба пред да му заврши мандатот
-

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето - 13 Ноември
-

Променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
