Руски „Лукоил“ продаден на американци

Руската нафтена компанија „Лукоил“, која е под санкции на САД поврзани со војната во Украина, денеска објави дека планира да го продаде својот бизнис во странство на американската инвестициска фирма „Карлајл“ (Carlyle).
Направен е договор, но истиот подлежи на одобрување од американските финансиски власти, соопшти „Лукоил“ во Москва. Од компанијата наведоа дека сè уште се водат преговори и со други потенцијални купувачи.
„Карлајл“ сè уште нема дадено изјава, пренесе ДПА.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во октомври воведе санкции за „Лукоил“ и државната компанија „Роснефт“ за да изврши притисок врз Москва да ја прекине војната во Украина.
Обидот на „Лукоил“ да ги продаде своите странски средства на швајцарскиот трговец со стоки „Гунвор“ (Gunvor) претходно пропадна.
Американското Министерство за финансии стави вето на зделката бидејќи еден од основачите на „Гунвор“, кој сепак ја напуштил фирмата пред неколку години, бил рускиот бизнисмен Генадиј Тимченко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.
Новиот потенцијален купувач, „The Carlyle Group“ со седиште во Вашингтон, е една од најголемите инвестициски фирми во светот.
Странските операции на „Лукоил“ вклучуваат стотици бензински пумпи во околу 20 земји, вклучително и во ЕУ, како и неколку рафинерии. Руската компанија е исто така вклучена во производствени проекти во поранешните советски републики Азербејџан, Казахстан и Узбекистан, како и во други земји.
„Лукоил“ соопшти дека неговиот бизнис во Казахстан ќе биде исклучен од продажбата на „Карлајл“.
МИА
Ново на Сител
-

Повеќе од 250 доброволни пожарникари подготвени за справување со летните пожари
-

АХВ: Нови случаи на болеста сипаници кај овци и кози - нема опасност за луѓето
-

САД ќе издадат монета од еден долар со ликот на Доналд Трамп
-

Приведени две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити и се стекнале со 10.820.000 денари
-

Николоски во Кисела Вода на увид во реконструираната улица „Лазар Димитров"
-

Седница на Економско-социјалниот совет
-

Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса
-

СП 2026: Кејн – Мислев дека сме подготвени да одиме до крај
