Руско МНР: Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Киев

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина точно таму каде што застанаа, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин.
„Подготвени сме да ги продолжиме преговорите точно таму каде што застанаа. Меѓутоа, за тоа е потребна политичка волја не само од Киев, туку и од неговите западни спонзори, кои се главните корисници од кризата“, изјави Галузин.
Дипломатот го критикуваше и ставот на шефот на украинската диполоматија, Андриј Сибиха, кој тврди дека Москва наводно не сака да седне на преговарачката маса.
„Ние не станавме од масата, украинската страна го направи тоа, и тоа повеќе од еднаш“, заклучи Галузин.
Агенцијата потсетува дека минатата недела, на состанок со владата, рускиот претседател Владимир Путин постави четири темели за дијалог со Украина: Истанбулските договори, модалитетите од Енкориџ, реалноста на теренот и принципите што ги презентираше во говорот што го одржа во Министерството за надворешни работи пред две години.
Оваа година, Русија и Украина одржаа три рунди состаноци со учество на американската делегација, а последните разговори се одржаа во Женева на 17 и 18 февруари.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дијаспората
-

Форум: Одржливоста како двигател на економскиот раст
-

Мисајловски: Армијата се модернизира
-

Охрид привлечна дестинација за туристите
-

Продолжува подобрувањето на патната инфраструктура во Прилеп со средства од Министерството за транспорт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
