Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина

Голем број земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно финансиски средства за поддршка на Украина, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте пред состанокот на министрите за надворешни работи во Хелсингборг, Шведска.
Руте повика на дебата за минимална поддршка за Украина.
– Поддршката не е рамномерно распределена во рамките на НАТО. Таа е концентрирана на мал број земји, меѓу кои е Шведска, која навистина е лидер во поддршката на Украина, како и други земји како Канада, Германија, Холандија, Данска и Норвешка, истакна Руте на заедничката прес-конференција шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Министрите за надворешни работи на НАТО денеска и утре во Хелсингборг ќе разговараат за подготовките за Самитот во Анкара, што треба да се одржи во јули.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
