Сабаленка пред финалето со Андреева: Како да играат стара мајка со дете

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ги сподели своите очекувања за мечот против 17-годишната Русинка Мира Андреева во финалето на турнирот во Индијан Велс.
Во полуфиналето на Мастерсот 1.000, 26-годишната Белорусинка ја победи Американката Медисон Кис (6:0 и 6:1), додека Андреева ја победи Ига Швјонтек од Полска (7:6 (7:1), 1:6 и 6:3.
- Неверојатно е за што е способна, а е толку млада. Импресивно е тоа што го прави. Со нетрпение чекам да го играме мечот, како стара мајка кога си игра со дете... О боже, јас сум девет години постара од неа, таа е само 2 години помлада од сестра ми, а јас се грижам за сестрите, толку е лудо...
Мечот меѓу Сабаленка и Андреева ќе се одигра утревечер со почеток во 19 часот.
Минатиот месец руската тенисерка го освои Мастерсот 1.000 во Дубаи, освојувајќи ја првата титула сезонава и втора во кариерата.
Сабаленка годинава го освои турнирот во Бризбејн.
Ново на Сител
-

Ново возило за чистење канали во Босилово
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
