Сабаленка за вирусот на турнирот во Мадрид: Слушнав дека треба да ги избегнувам тие такос

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка коментираше за стомачниот вирус што ги принуди неколку играчи да се повлечат од турнирот во Мадрид. Според прелиминарните извештаи, тие можеби биле отруени од такос со ракчиња.
- Досега кај мене сè е во ред. Слушнав дека треба да ги избегнувам тие такос. Се држам до истата диета, истите јадења што ги јадев од почетокот на турнирот – пилешки гради, ориз и салата, изјави Сабаленка за „ESPN“.
Дваесет и седумгодишната Арина додаде дека се обидува да помине што е можно помалку време во тенискиот комплекс „Каха Махика“.
- Се обидувам да не се држам предолго. Витамин Ц и мултивитамински додаток, и се надевам дека сум подготвена да излезам на теренот, рече Сабаленка.
Во четвртфиналето на Мастерсот 1000 Белорусинката вечер од 20 часот ќе се соочи со Американката Хејли Баптист.
МИА
Ново на Сител
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
-

Тошковски: Превенцијата на насилството кај младите бара брза реакција, силна координација и активно учество на младите
