САД го критикуваа Советот за безбедност на ОН за признавањето на палестинската држава

САД го критикуваа Советот за безбедност на ОН поради фактот што неколку големи западни земји неодамна ја признаа палестинската држава.
Американскиот амбасадор во ОН, Мајк Волц во излагање пред Советот за безбедност на ОН ја „перформативна“ конференцијата на ОН за промовирање на решението за две држави на Блискиот Исток, чии домаќини беа Франција и Саудиска Арабија.
-За жал, вчерашната конференција зборуваше за домашната публика, но ќе ја продолжи оваа трагична војна во Газа и ќе го продолжи страдањето“, рече Волц, додавајќи дека палестинската милитантна организација Хамас „денес е охрабрена по таа конференција“.
Волц, исто така, ги повтори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека палестинската група одбила неколку разумни понуди за прекин на огнот во Газа, што Хамас го отфрли.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ја поздрави конференцијата, зборувајќи за „блескава надеж среде темнината од последните неколку месеци“.
За време на конференцијата, која се одржа пред генералната дебата на Генералното собрание на ОН, Франција и Белгија ја признаа државата Палестина. Еден ден претходно, Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Португалија го направија истото.
Други земји, исто така, изразија солидарност со Палестина и со луѓето во Појасот Газа во Советот за безбедност.
-Газа е катастрофа создадена од човек, рече словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон и додаде дека „во ситуацијата таму доминираат смрт и очај“.
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен го повика Израел „веднаш да го промени својот курс“.
-Војната во Газа мора да заврши, нагласи тој.Волц, исто така, се пожали дека специјалниот состанок на Советот за безбедност бил закажан за вторник. Рош Хашана, еврејската Нова година, почна во понеделникот вечерта и трае до среда.
-Сметаме дека е длабоко за жалење што членките на Советот избраа да го свикаат овој брифинг на високо ниво на Советот за безбедност на ОН за Газа на Рош Хашана – еврејската Нова година – знаејќи дека таа одлука го исклучува Израел, рече Волц.
-Искрено, колеги, тоа е доказ за тоа како овој Совет даде приоритет на многу перформанси наместо на сериозни напори за напредок кон мирот, рече тој.
МИА
Ново на Сител
-

Стабилно и суво до крајот на неделава, од среда потопло
-

Иран вели дека ситуацијата сега е „под целосна контрола“ по крвавите протести за време на викендот
-

Во скриен бункер на камион на ГП Стар Дојран пронајдени 5050 штеки цигари | ВИДЕО
-

Црвен крст на Србија достави помош за 400 домаќинства, итна седница на Штабoт за вонредни ситуации
-

Објавена снимка како е скршено стаклото на бугарската амбасада во Скопје
-

Рафиња: Да не дојдеше Флик, ќе ја напуштав Барселона
-

Ѓорческа ја мина првата пречка во квалификациите на Австралија опен
-

Балканот под снег и мраз: Вонредни мерки во Србија, портокалов аларм во БиХ и Хрватска
