САД и Иран формираат „група за управување со конфликти“ за да прекинат судирите во Либан

Иран и САД се согласија да формираат „група за управување со конфликти“ за да прекинат судирите во Либан, кои го слабеат сегашниот прекин на огнот на Блискиот Исток, соопштија посредниците Пакистан и Катар, цитирани од светските агенции.
Информацијата ја соопштија посредниците во разговорите – Пакистан и Катар, кои во заедничка изјава наведоа дека новото тело ќе ги обедини сите релевантни страни, вклучително и либанските власти, со цел да обезбеди почитување на договореното примирје.
- Страните се согласија да формираат група за управување со конфликти што ќе ги обедини страните и Република Либан и ќе биде предводена од посредниците, со цел да се обезбеди почитување на прекинот на непријателствата во Либан – се наведува во соопштението.
Покрај тоа, Вашингтон и Техеран се согласиле и за воспоставување на „патна карта“ која предвидува постигнување конечен мировен договор за конфликтите на Блискиот Исток во рок од 60 дена.
Договорот бил постигнат за време на првата рунда разговори одржана во Швајцарија, а според посредниците, тој треба да создаде услови за продолжување на техничките и дипломатските преговори уште во текот на оваа недела.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го поздрави посредничкиот ангажман на Пакистан и Катар, оценувајќи дека разговорите донеле „значителен напредок“ во напорите за стабилизација на регионот.
Пакистан, Катар и Иран официјално потврдија дека првата рунда разговори на високо ниво е успешно завршена. Од американска страна засега нема официјален коментар за исходот од средбите.
Доколку договорената патна карта се реализира, тоа би можело да претставува важен чекор кон трајно намалување на тензиите и воспоставување поширока безбедносна рамка на Блискиот Исток.
Ново на Сител
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
-

Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени
-

Нето платата во април 48.779 денари
