САД и Иран продолжија со меѓусебните напади

САД и Иран денеска продолжија со меѓусебни напади, при што Вашингтон соопшти дека погодил десетици ирански воени цели, додека Техеран објави дека нападнал американски бази во Јордан, Бахреин и Кувајт.
Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека биле гаѓани ирански системи за противвоздушна одбрана, крајбрежни радари, ракетни и беспилотни системи, како и помали пловни објекти.
Од друга страна, Иранската револуционерна гарда соопшти дека извела напади врз базите што ги користат американските сили во Јордан, Бахреин и Кувајт, пренесuvaат иранските државни медиуми.
Техеран оцени дека дипломатските напори за смирување на кризата се „сведени на нула“.
Ескалацијата на конфликтот се одрази и врз светските пазари на нафта. Цената на северноморската нафта „брент“ за испорака во септември порасна за 3,85 проценти, на 78,94 долари за барел, додека американската „лесна“ нафта за испорака во август поскапе за 3,84 проценти и достигна 74,15 долари за барел.
МИА
Ново на Сител
-

Вашингтон најавува економска офанзива против Иран - Санкции и за земјите што ќе му помагаат на Техеран
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
