САД и Кина почнуваат преговори за царините
Американските и кинеските власти ќе почнат разговори оваа недела во обид да ја смират трговската војна меѓу двете најголеми светски економии.
Како што е потврдено од кинеското Министерство за надворешни работи, кинескиот вицепремиер Хе Лифенг ќе учествува на разговорите што ќе се одржат во Швајцарија од 9 до 12 мај. Секретарот за финансии Скот Бесент и американскиот трговски претставник Џејмисон Грир ќе ги водат преговорите во име на САД, соопштија нивните канцеларии.
По враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, неговата администрација воведе нови царини за кинески стоки, со зголемување од 145%. Кина одговори со контрамерки, воведувајќи царини до 125% за одредени американски производи.
Но, меѓународните трговски аналитичари велат за Би-Би-Си дека очекуваат преговорите да траат со месеци. Ова е прва средба на високо ниво меѓу претставниците на двете земји откако кинескиот потпретседател Хан Женг присуствуваше на инаугурацијата на Трамп во јануари.
Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави за Фокс њуз дека со нетрпение очекува да се обиде да го балансира меѓународниот економски систем во корист на САД. „Мислам дека ова ќе биде фокусирано на смирување на тензиите, а не на постигнување голем трговски договор. Но, прво треба да се деескалираме за да можеме да продолжиме напред“, рече тој.
Кинеското Министерство за трговија истакна дека доколку САД сакаат да го решат спорот преку преговори, мора да ги признаат сериозните негативни последици од едностраните царински мерки, не само за Кина, туку и за остатокот од светот.
Кинеските државни медиуми објавија дека Пекинг одлучил да влезе во преговори откако внимателно ги разгледал очекувањата на меѓународната заедница, интересите на Кина и апелите на американските компании. Тие додаваат и дека Кина е отворена за разговори, но и подготвена да ја продолжи трговската војна „до крај“ доколку е потребно.
Финансиските пазари во Кина и Хонг Конг пораснаа во средата, поттикнати од најавата за преговори и мерки на кинеските власти за поддршка на економијата. Американските берзански индекси забележаа раст и во тргувањето со фјучерси, што укажува на позитивен почеток на трговскиот ден.
Инвеститорите со нетрпение ја очекуваат и новата одлука за каматната стапка на американската централна банка, која се очекува да биде објавена во среда попладне.
Ново на Сител
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
-
Физички нападнат 30-годишен велосипедист во подрачјето на Карпош
-
46-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син се оддалечил од домот
-
Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО
-
Приведен 40-годишник, се заканувал на сограѓанин
-
На лекување во странство и во домашните болници има 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба, вели Клековски
-
До недела топло, утре и задутре развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи