САД ќе и продаде воени дронови на Индија за четири милијарди долари

САД денеска одобрија продажба на дронови и воена опрема на Индија во вредност од четири милијарди долари, а опремата е наменета да се користи за подобрување на индиската поморска безбедност и надзор.
САД се обидуваат да го натераат Њу Делхи да ја зголеми својата соработка во американската индо-пацифичка стратегија, чија главна цел е да создаде противтежа на кинеското влијание во регионот.
Стејт департментот го извести Конгресот за продажбата во вредност од 3,99 милијарди долари, која ќе вклучува 31 дрон „Скај Гардијан“, 170 ракети „Хелфајер“, 310 бомби со мал пречник и соодветен помошен материјал.
„Оваа предложена продажба ќе ги поддржи целите на надворешната политика и националната безбедност на САД со тоа што ќе придонесе за зајакнување на стратешките односи меѓу САД и Индија и ќе ја зајакне безбедноста на водечкиот одбранбен партнер кој продолжува да биде важна сила за политичка стабилност, мир и економски напредок во индо-пацифичкиот регион и Јужна Азија“, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
