САД, наспроти европската, ќе предложат резолуција на ОН за војната во Украина

Пред третата годишнина од инвазијата на Русија на Украина, САД предложија нацрт-резолуција на Обединетите нации во која ДПА имала увид.
Предлогот не ја именува експлицитно Москва како агресор, ниту пак повикува на повлекување на руските трупи од Украина.
Тоа е во спротивност со изјавата поддржана од Европа во која се бара итно повлекување на силите на Москва од Украина. Текстот на САД исто така повикува на прекин на конфликтот и се изразува жалење за загубата на животи.
Предлогот поддржан од Европа требаше да биде поднесен на Генералното собрание на ОН в понеделник.
Американскиот предлог доаѓа откако претседателот Доналд Трамп во средата остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „диктатор“. Претходно Трамп рече дека Зеленски „никогаш не требало да ја започне“ војната.
В понеделник се навршуваат три години откако Русија ја нападна Украина.
Резолуциите на Генералното собрание не се правно обврзувачки – но гласањето во најголемото тело на Обединетите нации се смета за глобален тест за расположението и ставовите за одредени прашања, пишува ДПА.
Во пресрет на првата годишнина од војната во 2023 година, 141 од 193 земји-членки гласаа за осуда на инвазијата на Москва.
Ново на Сител
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
