Македонија
7. July 2016 - 19:38

САД: Не ја дестабилизираме Македонија напротив ја поддржуваме

САД останува цврсто посветена на владеењето на правото во Македонија, помошта за решавање на политичката криза, развојот на силни демократски институции и продолжување по патот напред кон членство во ЕУ и НАТО. Ставот на амбасадорот Бејли за поддршката на САД за владеење на правото во Македонија по однос на последните случувања и обвинувања беше објавен попладнево на ФБ страницата на амбасадата во Скопје.

Бејли го започнува својот став преку пренесување на информациите дека вработените во амбасадата често гледаат пишувања во медиумите за конспиративни теории и обвинувањеа за мешање на Америка во внатрешната политика на Македонија или  акции за дестабилизација на земјата

- Ние веруваме дека повеќето граѓани на Македонија, исто како и нас, ја препознаваат апсурдноста во овие пишувања, пишува Бејли.

Тој во текстот бара можност за разјаснување по неколку неодамнешни тврдења за вработени во амбасадатаи програмите кои ги реализираатм, особено за поддршката на ладеењето на правото.

- Во изминатите 15 години, Владата на САД придонесе со повеќе од 55 милиони долари за развој на капацитетот на македонските судови, судии, обвинители, адвокати и полицијата да ги исполнат своите мандати стручно, транспарентно, ефикасно и со кредибилитет. Повеќе од 600 судии, 300 јавни обвинители, 150 адвокати и повеќе од 2.000 службеници за спроведување на законот имале корист од овие напори, пишува Бејли.

Амбасадорот на САД, Џес Бејли пишува дека актуелната политичка криза покренала обвинувања за злоупотреба на власта и можно криминално однесување, во комбинација со обвинувања за мешање во работата на судиите и обвинителите. Формирањето на СЈО, според амбасадорот Бејли било одговор од страна на лидерите на четири политички партии во однос на овие обвинувања, кое тој потсетува како независна институција било формирано едногласно во македонскиот парламент.  Работењето на СЈО непречено, непартиски со стручни истражувања и целосна поддршка од сите институции е тест за владеењето на правото во оваа земја пишува амбасадорот на САД.

- Со оглед на нејзината клучна улога во воспоставување на правна одговорност, САД го поддржува СЈО со обуки и помош, исто како што сме помагале на македонскиот судскиот систем, Јавен обвинител и полицијата од независноста на Македонија. Овој ангажман е одраз на нашата длабока посветеност на владеењето на правото и да им помогне на луѓето во Македонија да ја решат актуелната криза, развивајки силни демократски институции, и да се движат напред кон членство во Европската унија и НАТО. Таа посветеноста останува цврста, заклучва амбасадорот Бејли.