САД со рекорден трговски дефицит во март
Американскиот трговски дефицит во март достигна рекордни 140,5 милијарди долари, што е зголемување од 14% во однос на февруари, соопшти Министерството за трговија на САД.
Од првиот квартал минатата година, трговскиот дефицит пораснал за дури 92,6%, бидејќи компаниите забрзано увезувале стоки очекувајќи нови царини.
Претседателот Доналд Трамп во текот на изборната кампања најави зголемување на царините на увозот во САД. Неговата администрација воведе високи давачки за Канада, Мексико, а од април и за целиот свет. Иако целта на овие царини беше намалување на трговскиот дефицит, тие досега имаат спротивен ефект.
Во март, увозот во САД достигнал 419 милијарди долари (раст од 4,4% во споредба со февруари), додека извозот изнесувал 278,5 милијарди долари (раст од само 0,2%).
Во првите три месеци од годината, вкупниот увоз е зголемен за 23,3% во однос на истиот период лани. САД во моментов имаат царини од 145% на увозот од Кина, со која имаат најголем трговски дефицит. За остатокот од светот, важат царини од 10%, најмалку до јули.
Во март значително пораснал увозот на потрошувачка стока – фармацевтски производи, облека, мебел, накит и апарати за домаќинство. Во исто време, Канада пријавила пад на извозот кон САД за 6,6%, додека извозот во Велика Британија, Хонгконг, Германија и Холандија бележи пораст.
САД традиционално имаат дефицит во трговијата со стоки, но суфицит во трговијата со услуги. Сепак, во март извозот на услуги опаднал за 900 милиони долари, на вкупно 95,2 милијарди долари, најмногу поради драстично намален број американски туристи – особено од Канада.
Што се однесува до билатералните односи:
Дефицитот со Канада е намален – од 7,4 на 4,9 милијарди долари.
Со Мексико останува стабилен – 16,8 милијарди.
Со Кина е намален – од 26,6 на 24,8 милијарди.
Со Европската Унија, пак, е значително зголемен – од 30,9 на 48,3 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС
-
Притвор за малолетникот кој извршил обид за убиство врз 55-годишен маж од скопско
-
Утре сончево и многу топло
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево