САД тврдат дека постигнале договор за забрзување на испораките на ретки метали од Кина
САД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали, изјави синоќа функционер на Белата куќа, во екот на напорите за прекин на трговската војна меѓу најголемите економии во светот.
Претседателот Доналд Трамп претходно изјави дека САД во средата потпишале договор со Кина, без да даде дополнителни детали, и дека може да се постигне посебен договор што ќе ја „отвори“ Индија.
За време на разговорите во Женева во мај, Кина вети дека ќе ги отстрани нетарифните контрамерки наметнати на САД од 2 април, иако не беше јасно како ќе ги поништи некои од тие мерки
Имено, како дел од својата одмазда на новите американски царини, Кина го суспендираше извозот на широк спектар критични минерали и магнети, со што ги наруши синџирите на снабдување кои се клучни за автомобилската, полупроводничката, воздухопловната и воената индустрија.
„Американската администрација и Кина се согласија за дополнителен рамковен договор за спроведување на Женевскиот договор“, изјави синоќа функционер на Белата куќа за британските медиуми, додавајќи дека договорот се однесува на тоа „како повторно да ги забрзаме испораките на ретки земни метали во САД“, рече тој.
Друг функционер на администрацијата изјави дека договорот меѓу САД и Кина е постигнат претходно оваа недела.
„Тие ќе ни испорачуваат ретки земни метали и кога ќе го сторат тоа, ние ќе ги укинеме нашите контрамерки“, изјави американскиот министер за трговија Хауард Лутник за Блумберг.
Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето за коментар.
Ново на Сител
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците
-
Се следи состојбата со цените на пазарот
-
Трамп не се согласува со американските разузнавачи за штетата врз нукеларните капацитети на Иран
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува намалување на банкарските провизии