САД управувале со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта

Во првите девет месеци од оваа година, САД управувале со повеќе од 12 милијарди долари приходи од продажба на венецуелска нафта, според извештајот на ревизорската фирма KPMG објавен од Стејт департментот.
Таквиот систем за управување со приходите е воспоставен откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го уапси во јануари тогашниот венецуелски претседател Николас Мадуро.
Според извештајот, купувачите на венецуелска нафта и други природни ресурси уплаќале пари на сметката на Министерството за финансии на САД, од кои средствата потоа биле префрлени на привремената венецуелска влада, која ја предводат поранешни сојузници на Мадуро кои сега тесно соработуваат со Вашингтон.
Извештајот е датиран на 29 октомври и е доставен до Конгресот на почетокот на ноември, изјави претставникот на Стејт департментот.
„Извештајот покажува дека системот функционира“, рече анонимен претставник за Њујорк тајмс.
Тој додаде дека приходите од венецуелската нафта и други природни ресурси во текот на првите девет месеци биле искористени за финансирање на основните јавни услуги, одржување на макроекономската стабилност и обнова на клучните сектори како што се енергетиката, здравството и инфраструктурата.
Според извештајот, поголемиот дел од средствата уплатени на сметката, повеќе од 12,1 милијарди долари, потекнуваат од продажба на нафта, други нафтени производи и природен гас.
Помали износи се реализирани од продажба на злато (108 милиони долари), минерали (22 милиони долари) и ѓубрива (24,6 милиони долари).
„Средствата остануваат суверена сопственост на Венецуела“, се наведува во извештајот, но се задржани во исчекување на одлука за нивна употреба за јавни, државни или дипломатски цели од страна на американскиот државен секретар Марко Рубио.
Од вкупниот платен износ, 12,11 милијарди долари, или 99 проценти, се исплатени.
МИА
Ново на Сител
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
